Во Чешка се појавила досега непозната варијанта на коронавирусот – ММС
ММС

Објавено на: 03/29/21 2:55 PM

Во Чешка се појавила досега непозната варијанта на коронавирусот

Нова, досега непозната варијанта на коронавирусот е откриена во Чешка, јавија тамошните медиуми.

Новата мутација ја откриле експертите од специјализираната лабораторија Елијабет Фармакон од Брно, а според нивните проценки, мутацијата не изгледа поопасна од британскиот или јужноафриканскиот сој, пренесува Тас.

Епидемиолошката ситуација во Чешка е меѓу најтешките во Европската унија затоа што во земја која брои 10,7 милиони жители досега се регистрирани повеќе од 1,5 милиони случаи на коронавирус, а починаа речиси 26.000 лица.

Истиот ден кога беше објавен веста за новиот сој на Ковид-19, Чешка ја погоди уште една трагедија. Милијардерот Петр Кенлер загинал во страшна хеликоптерска несреќа.

 

извор: Mondo.rs