Сточарите ги бараат субвенциите за 2020 година, во спротивно ќе блокираат патишта – ММС
ММС

Објавено на: 03/29/21 2:37 PM

Сточарите ги бараат субвенциите за 2020 година, во спротивно ќе блокираат патишта

Гостивар, 29 март.  – Сточарите побраа од државните институции да им бидат исплатени субвенциите за добиток предвидени за минатата (2020) година. На протестниот собир пред гостиварската патарина на автопатот, одгледувачите на овци од северозападниот регион на Македонија се пожалија дека не се во можност да го прехрната добитокот. Доколку, нивните барања не бидат прифатени, тие за крајот на неделата најавуваат блокади на државните патишта.

Сточарите од тетовско, гостиварско, кичевско  дебарско се револтирани од доцнењето на финансиската подрршка и сметаат дека се изманипулирани и досега добиле само ветување. Според претходните најави од ресорното министерство.

– Се соочувам со недостиг од храна за овците и парите ни се неопходни и итно потребни. Со нашиот труд што го вложуваме во добитокот и она што ни припаѓа, се прави компензација за субвенциите за тутунот. Тоа не е во ред, ние како произведувачи на храна да бидеме тргнати настрана, беше речено на простетот.

Сточарите, меѓу кои најбројни беа оние што одгледуваат овци, посочија дека состојбата во која се наоѓаат е сериозна и дополнително отежната заради пандемијата. Тие, како што беше кажано, упатуваат апел Платежната агенција и

Министерството за земјоделство да ги земат предвид нивните барања. Доколку не бидат исполнети до дадениот рок најавуваат, продолжување на протестите кои бидат низ порадикални мерки како блокирање на патишта.

Сточарите кои денес протестираа одгледуваат над 180 илјади грла овци, за кои од државата треба да добијат над 3 милиони евра финансиска поддршка. Субвенцијата за едно грло се движи околу 900 денари, а за чување на женско јагне таа достигнува 2.400 денари.

 

з. г. м.