Јованка Броз имаше само една модна грешка – почина југословенскиот дизајнер Александар Јоксимовиќ – ММС
ММС

Објавено на: 03/29/21 2:11 PM

Јованка Броз имаше само една модна грешка – почина југословенскиот дизајнер Александар Јоксимовиќ

Александар Јоксимовиќ, југословенскиот дизајнер кој одбил да работи за Диор и кој на овие простори ја донел високата мода од светските престолнини, починал денес. Зад себе оставил неизбришливи траги, како едно од најголемите модни имиња на Балканот. Посебно е интересна неговата соработка со Јованка Броз, која со задоволство ги носела неговите креации.

Пред соработката со Јованка Броз, Јоксимовиќ работел со друг познат пар од Југославија – Драган Николиќ и Милена Дравиќ.

-Драган обожаваше костими, секогаш прв се облекуваше. Ги носев моите сакоа, иако бев помал и понизок од него, тој влегуваше во се, малку ќе се собере и влегува. Кога ќе се облече, потоа шета низ телевизија. А Милена сите мои колекции ги снимаше за насловни страни. Беше атрактивна, еднаш рачно и ја обојував познатата призренска свила. И во Кан со неа направи чудо. Беше најзабележана, иако беше ниска, рекол креаторот за нив.

Јованка за прв пат ја запознал на Саемот за мода во 1968 година, кога ја промовирал колекцијата Витраж, пишува XXZ магазин.

-Тогаш за прв пат дојде Јованка Броз, Мадам Лазареф, сопственичката на магазинот „ЕЛ“, директорот Кристијан Диот, некоја позната париска пејачка, која пееше помеѓу двете ревии, се на се сериозна екипа. Тогаш Јованка ме виде, но ништо не се случи, рекол Јоксимовиќ.

До запознавање дошло набрзо, на следнииот Саем на мода, на штандот Центротекстил.

-Дојде и Јованка. Сите манекенки ги облековме во еден ист модел, стоеја на страна, јас ја дочекав Јованка. Малку поразговаравме и веднаш ме турнаа. Таа прашуваше каде сум и побрзаа да ме најдат. И сама тргнала во потрага, бев со манекенките, се сеќавам како секоја манекенка посебно ја загледуваше. Од таму постои цела серија наши фотографии. Бараше да седнам покрај неа, така започна нашето дружење. Но искрено не сум нешто посебно креирал за неа, повеќе беа тоа консултации, раскажал дизајнерот.

Ја посетувал во салонот во Ужице, каде што заедно го прегледувале преголемиот плакар со модели во кои Јованка требало да патува. Внимателно за неа бирал гардероба во која ќе се претстави пред светските лидери.

Јоксимовиќ раскажал дека само еднап погрешила во модниот избор.

-За секое патување добивала официјален протокол, каде и што, во колку часот смее да облече, до ситни детали, бојата која треба да ја носи. Имала само едно промашување, кога биле во Јапонија не смеела да носи фустан во виолетова боја бидејќи тоа било исклучиво кралска привилегија. Ми рече дека тоа во животот нема да и се случи, дека од сега два пати ќе го чита протоколот. Беше совршено градена, имаше убави рамена и торзо, па дури и кога добила повеќе килограми, останала таа силуета, целосно складна, се сеќавал креаторот.

Извор: Нова.рс