Баба ми (64) има повеќе плочки од мене, и се „пуштаат“ млади момчиња – ММС
ММС

Објавено на: 03/29/21 10:54 AM

Баба ми (64) има повеќе плочки од мене, и се „пуштаат“ млади момчиња

Баба опседната со фитнес добива повеќе внимание од посилниот пол отколку нејзината внука. Лесли Маквел (64) од Мелбурн на Инстаграм објавува разголени фотографии и има речиси 60.000 пријатели.

Лесли најмногу сака да оди во теретана со својата внука Тиа, која признава дека баба и е конкуренција кога се работи за мажите.

-Затоа што изгледа така феноменално за своите години, доста е интересна за мажите, рекла Тиа.

-Ми се јавуваат дури и момчиња од 18 години, што е навистина смешно. Понекогаш се и прилично експлицитни па ми праќаат свои фотографии од половиот орган. Сето тоа го примам како комплименти, супер е што им сум воопшто интересна, рекла Лесли.

 

И додека нејзината внука Тиа е среќна поради баба и и вниманието кое го добива преку Инстаграм, ќерката на Лесли , Ванеса, која фитнес не ја интересира, не е толку среќна поради разголените фотографии на мајка си на социјалните мрежи.

 

-Сепак таа ми е мајка, не се работи за ќерка која е тинејџерка или нешто такво. Не сакам да се промени, туку само малку да намали сo доживувањето, рекла Ванеса.

 

Лесли пак, своите објави на Инстаграм ги смета за дел од работата, пишува The Sun.

 

-Многу ме интересира фитнес и секогаш сум во теретана во провокативна облека, но во тоа и се натпреварувам, па навикната сум да сум во мини бикини.. Немам проблем со покажување на такви фотографии. Не се срамам од своето тело. Морам да бидам производ на тоа во што верувам. Не сакам да се прикривам и ако сакам да го покажам своето тело, ќе го покажам. Зошто да бидеш стар и болен, ако немораш да бидеш, зошто да не бидеш на врвот од светот, заклучила Лесли.

 

Одлучила да стане тренер на 48 години, па таа година за прв пат победила на фитнес натпревар. Смета дека својот младолик изглед е резултат на строгиот фитнес режим и тренира најмалку пет пати на ден.

 

Извор: 24сата.хр