Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро најави дека земјата би можела со нафта да плати за вакцините против коронавирусот.
„Венецуела има танкери за нафта и има клиенти кои ја купуваат нејзината нафта. Нашата земја ќе издвои дела од нашите производи за да обезбеди испорака на потребните вакцини. Нафта во замена за вакцини“, изјави Мадуро за државната телевизија, а пренесува руската агенција ТАС С.
Според официјалните статистики, во Венецуела се регистрирани над 156 илјади случаи со ковид-19, додека 1555 луѓе починаа. Потпредседателот на Венецуела, Делси Родрггез изјави дека Венецуела има околу седум милијарди долари на сметки во странски банки, сума која земјата планира да ја искористи за да купи вакцини. Сепак, банките кои го признаваат лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо како лидер на Венецуела, одбиваат повлекување на средствата. Мадуро го оцени ваквиот потег како обид за пуч и прогласи прекин на дипломатските врски со Соединетите држави.
Извор: rtv.rs