Светот го потресе веста за смртта на милијардерот Петар Келнер, најбогатиот Чех кој во Србија е познат како сопственик на Теленор.
Келнерот загина во саботата кога се урна хеликоптер на Алјаска, во кој беше и тој со неговиот близок соработник но и уште четири други лица. Кобниот ден, милијардерот изнајмил хеликоптер од популарниот хели-ски-центар. Хеликоптерот требаше да ги однесе на завеаните планини недалеку од Енкориџ, од каде потоа ќе се спуштат со огромна брзина.
Келнер беше заљубен во скијање и сноуборд, исто како и неговиот соработник Бенџамин Ларокаи (50.. Двајцата беа чести и драги гости во одморалиштето на Алјаска каде еднонеделниот престој, според извештаите на медиумите, чини околу 15 000 американски долари.
Кобниот ден, Келнер влезе во хеликоптер заедно со Грег Хармс, кој водеше бизнис со хели-скијање и двајца водичи за скијање, и се упати кон глечерот Ник, кој е на околу 100 километри од најголемиот град на Алјаска.
Бидејќи не се вратиле во одморалиштето, бил вклучен алармот. Во меѓувреме, спасувачките екипи добија извештај за можно паѓање на леталото и веднаш започнаа со пребарување на теренот. Околу 22 часот ги пронашле остатоците од хелихоптерот и петте тела и еден ски- водич кој се наоѓал во критична состојба.
Тие на самото место ги пронашле телата на Келнер (56), неговиот близок соработник Бенџамин Ларокаи (50), Грегори Хармс (52) од Колорадо, локалниот Шон Мек Менами (38) и пилотот Захари Расел (33). Повредениот водич, кој не беше именуван, бил пренесен во болница во критична состојба.
Според медиумите, Хармс се занимавал со хели-ски бизнис повеќе години. Неговите соработници велат дека немало никој поискусен од него. Шон Мек Менами беше искусен водич кој се занимава со деловни активности веќе десет години, а ги водеше гостите од одморалиштето во последните пет.
Захари Расел исто така беше искусен пилот. Никој сè уште не знае што довело до пад на хеликоптерот.
Одморалиштето во кое престојувал Келнер постои скоро две децении и никогаш не се случила таква несреќа.
Што е хели-ски?
Хели-скијањето е екстремен спорт кој вклучува скијање или сноуборд надвор од патеката, а наместо со жичара, на стартот можете да стигнете со хеликоптер. Кон крајот на 1950-тите, хеликоптери беа користени на Алјаска и Европа за пристап до оддалечени терени. Во 1965 година, Ханс Гмосер го комерцијализира својот бизнис во Канада комбинирајќи сместување, превоз и насоки.
Овој вид туризам е многу популарен на Алјаска, но и во други земји. Се проценува дека секоја година има 15.000 летови со хеликоптери во Швајцарија, до 42 места за слетување. Хели-ски беше забрането во Германија, а беше забрането и во Франција во 1985 година.
telegraf.rs
фото-Yutube