Меѓу самопопишаните македонски државјани има тројца во Џибути, 11 во Северни Маријански Острови, во Тувалу 4 – ММС
ММС

Објавено на: 03/29/21 9:35 AM

Меѓу самопопишаните македонски државјани има тројца во Џибути, 11 во Северни Маријански Острови, во Тувалу 4

Продолжува самопоишувањето на македонските државјани што живеат во странство- 11101 нови попишани за еден ден

Евиденцијата на самопопишувањето покажува бројка од 171 620 државјани на РСМ кои живеат во странство и кои се самопопишале на електронската апликација од почетокот на овој процес,  на 1 март, до денес, информираат од Државниот завод за статистика.

Само во последното деноноќие се попишани 11 101 лице.

На врвот на листата и натаму е Швајцарија со 56.146 македонски државјани кои ги впишале своите податоци за пописот, потоа следува  Германија со 39.167 лица и Италија со 27.402 македонски државјани.

Во САД има зголемен број на попишани лица, но бројката е далеку од реалната,  само 7.081 лице а во Австралија со само 2.099 попишани лица интересот е и натаму незначителен исто како и во Канада каде се попишале само 1.541 лице.

Во Австрија се попишале 10.030 лица, во Обединето Кралство – 2.342,  во Турција – 1.624, Франција – 1.552, Чешка – 839…

Од поранешните југословенски простори најмногу македонски државјани се самопопишале во Словенија – 3.263  и во Хрватска – 1.259, потоа следува Косово со 960 лица, Србија – 644, Босна и Херцеговина – 519 и Црна Гора со 155 самопопишани лица.

Македонски државјани има и во Џибути од каде се самопопишале тројца македонски државјани, во Тувалу 4, во Свалбард и Јан Мајен 4, во Северни Маријански Острови 11 итн.

В.Кр