На средба денес и секретарите на ДУИ, ДПА, БЕСА, АА и Алтернатива – ММС
ММС

Објавено на: 03/29/21 9:03 AM

На средба денес и секретарите на ДУИ, ДПА, БЕСА, АА и Алтернатива

Не само лидерите на двете најголеми партии, Зоран Заев и Христијан Мицковски кои за денеска закажаа лидерска средба,  заедничка средба  но нешто порано од лидерската а на иницијатива на ДУИ ќе имаат и  секретарите на албанските партии со претставници во Парламентот.

„Ве известуваме дека денес, 29 март 2021 година (понеделник), со почеток во 11:00 часот, ќе остварат средба секретарите на албанските политички партии во Македонија,“ се вели во информацијата упатена до медиумите.

Во информацијата се потврдува дека Секретарите на ДУИ, БЕСА, ДПА, Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе бидат присутни на оваа средба. Настанот ќе се одржи во Клубот на пратеници во Скопје.