„Кога се сака се’ се може. Како за законот за петиот пакет на економки мерки Власта и опозициската ВМРО-ДПМНЕ успејаа да се договорат за еден час. Така очекуваме да се договорат и за Законот за државјанство, во споротивно ќе продолжиме со блокадите, веќе поднесовме преку 4500 амандмани, рече пратеникот од Коалицијата Алијанса и Алтернатива, Скендер Реџепи Зејд во изјава за емисијата Стадион на Канал 77.
„Има еден поголем проблем, тоа е законот за државјанство, кој веќе два месеци тлее во Собранието и никој не покажува никаква доблест да се реши истиот. Од таа причина ние ќе го блокираме и законот за петтиот пакет економски мерки, со поднесувањето на над 4500 амандмани, за да докажеме дека болката на граѓаните кои немаат државјанство е исто така човечка и дека амандманите не се за да се блокира помошта на граѓаните. Ние сме биле одсекогаш и сме за таа помош, меѓутоа блокирањето со амандмани е порака, да се седне и да се реши овој проблем,“ изјави Реџепи.
Тој се согласува дека на овој начин се блокира и Парламентот и државата, но се надева дека на лидерската средба закажана за утре, меѓу прашањата за коишто ќе се бара решение ќе биде и законот за државјанство.
Во врска со неговата изјава, дека луѓето ќе можат да почекат уште некој месец без плата, поважно е да се донесе законот за државјанство, Реџепи рече дека изјавата му била извадена од контекст за политички цели од одредени новинари.
В.Кр