На пинг понгарскиот календар на програмата беа натпреварите од 13 и 14 коло до супер лигата. Единствено прилепската екипа на Младост 96 љубоморно го чува лидерското место и со две сигурни победи ја задржа предноста од две победи повеќе од градскиот ривал Младост. Како сигурен патник во плеј офот се наметнува екипата на Телеком НЕЦ 2, екипа која заедно со Младост 96 има 100 процентен учинок во пролетниот дел на првенството. Штипскиот Шампион ФА беше поразен во двете денешни кола, и сега има само предност од еден поен пред Телеком НЕЦ 2.
Додека борбата за плеј оф со оглед на распоредот на натпреварите е се поизвесна, многу поинтересно е во зоната за испаѓање, каде со еднакви шанси за опстанок се Радовиш, Работнички и Вардар. На чекор пред нив се Крива Паланка 2007. Екипите на Телеком НЕЦ и Струга се заковани за дното без посериозни шанси и догодина да ги гледаме во елитното друштво.
Во првата лига битолски Мултитекс е се поблиску до супер лигата, во единствениот натпревар што го одиграа денес битолчани беа поуспешни од Дебар Маало со 4:1
Супер лига XIII коло
Младост – Работнички 4 : 1
Радовиш – Струга 4 : 1
Крива Паланка 2007 – Вардар 4 : 2
Младост 96 – Телеком Нец 4 : 1
Телеком Нец 2 – Шампион ФА 4 : 2
Супер лига XIV коло
Работнички – Телеком Нец 2 0 : 4
Шампион ФА – Младост 96 0 : 4
Телеком Нец – Крива Паланка 2007 3 :4
Вардар – Радовиш 4 : 2
Струга – Младост 0 : 4
фото-Пинг-понг федерација