Реакција на Царинската управа во врска со бугарските книги задржани на граница, немало доказ дека се донација – ММС
ММС

Објавено на: 03/28/21 4:49 PM

Реакција на Царинската управа во врска со бугарските книги задржани на граница, немало доказ дека се донација

Во врска со пратката од над 1000 книги (920 нови и 250 стари) задршани на границата, каде како примач на донацијата се јавува Културно информационен центар на Република Бугарија во Скопје, Царинската управа на својот профил на Фејсбук објави дека и покрај тоа што царинскиот орган, преку Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, побарал изјава дека пратката е наменета за Културно информациониот центар, таква изјава не била доставена ниту од Центарот, ниту од Бугарската амбасада во Скопје.

„Согласно Царинскиот закон предметите што се увезуваат, а имаат образовен, научен и културен карактер, согласно со прописот од членот 199 на овој закон, како и научни инструменти и апарати, како и нивни резервни делови кои се увезуваат во некомерцијални цели и кои не се произведуваат во Република Северна Македонија се ослободени од плаќање на увозни давачки,“ наведува Царинската управа.

Управата посочува дека за да може да се оствари ова право, пропишани се поблиски услови кои треба да бидат испoленти, а меѓу другото како што и самиот закон наведува да се од некомерцијална природа (во случајот повеќе од 1000 книги), односно стоката да е наменета како подарок.

„ Во конкретниот случај кон барањето за ослободување беше приложен договор за подарок кој е потпишан само од едната страна, т.е. од испраќачот на книгите, а не и од примачот што го прави договорот правно неважечки,“ посочува Царинската управа во објавата на Фејсбук.

В.Кр