57 годишен маж настрадал при струен удар, пронајдена 72 годишна жена во водите на Тиквешкото Езеро – ММС
ММС

Објавено на: 07/31/18 12:04 PM

57 годишен маж настрадал при струен удар, пронајдена 72 годишна жена во водите на Тиквешкото Езеро

 Во текот на вчерашниот ден два несреќни случаи ја потресоа Тиквешијата,  маж на возраст од 57 години загинал од струен удар и мртва жена пронајдена во водите на Тиквешкото езеро.Информациите ги потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

– На 30.07.2018 година во 07,00 часот во Полициската станица Неготино од Итната медицинска помош од Неготино било пријавено дека С.Ј. го пронашла починат нејзиниот сопруг М.Ј.(57)  покрај отворен трансформатор во деловниот круг на „Млин Декамел“ во с.Тремник. Извршен бил увид на местото на настанот. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Синоќа после 20 часот во водите на Тиквешкото Езеро била пронајдена 72 годишна жителка на Кавадарци,информира Додевски.

– На 30.07.2018 година во 20,20 часот во Полициската станица Кавадарци, од страна на лекар од Јавната здравствена установа Кавадарци пријавил дека на Тиквешкото Езеро кај место викано „Голеш“ од страна на семејството била пронајдена почината Н.Ш.(72). Од страна на лекар констатирана била смрт. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кавадарци, а по Наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција.

Во минатото неколку несреќни случаи со давење се имаат случено на езерото.Пред 5 години на ова место се удави 56 годишен рибар откако чамецот му се превртел и потонал додека местел мамци за риболов .Во потрагата на рибарот два дена беа вклучени нуркачи од специјалната екипа при МВР, а подоцна им се придружија и од нуркачката група Врело од Скопје.На Тиквешко пред 8 години загина и 16 годишно момче непосредно по влегувањето во вода да се разлади.

Билјана Тошевски