Голема гужва пред салата „Чаир“ во Ниш, дојдени се и Македонци кои немаат закажан термин – ММС
ММС

Објавено на: 03/28/21 1:55 PM

Голема гужва пред салата „Чаир“ во Ниш, дојдени се и Македонци кои немаат закажан термин

Вакцинацијата за бизнисмени од Македонија продолжи и денес во салата „Чаир“ во Ниш, но освен бизнисмени тука се пристигнати и граѓани кои немаат аплицирано за вакцината. Тоа придонесе за голема гузва и колона од влезот до базенот на салата, а на еден граѓанин му се слошило. Тој бил однесен со Брза помош.

Засега, како што изјавил директорот на здравствениот центар во Ниш, Милорад Јеркан, за Јуже вести, сè уште никој не е вратен, но приоритет ќе имаат бизнисмените што се пријавиле.

Интересот за вакцините беше голем и вчера, па, како што вели Јеркан, биле искористени 1.735 вакцини, а денес до пладне околу 600 лица ја примиле вакцината.

Засега од граѓаните кои што не се пријавени, никој не е вратен, но сепак приоритет ќе имаат бизнисмените кои се на списокот, изјавил директорот на здравствениот центар во Ниш, Милорад Јеркан.

juznevesti.com