Се зголемувабројот на заболени од Западнонилската треска во Белград – ММС
ММС

Објавено на: 07/31/18 7:33 AM

Се зголемувабројот на заболени од Западнонилската треска во Белград

До сега болеста е дијагностицирана кај 32 заболени, а утврдени се 47 локации со комарци кои ја пренесуваат болеста.
Вирусот ги напаѓа луѓето во Белград за скоро сите возрасти. Институтот за биоциди и медицинска екологија, докажа присуство на заразени комарци во 47 локации, додека Градскиот завод за здравствена заштита (GZZJZ) од втората половина на јуни до 26 јули регистрирал 32 случаи на пациенти кои страдаат од оваа треска, од кои 27 се сигурно потврдени и пет “веројатни случаи”.
– Оваа болест може да има трагичен исход кај болните, а е регистриран и еден смртен случај во главниот град, кај човек постар од педесет години – изјавија од Градски завод за здравствена заштита, истакнувајќи дека најранливи се хронично болните.
Најголем број од пациентите во Белград се постари од педесет години (23 болни или 71,9 проценти), но се регистрирани и три случаи во возрасната група од 20-29 години, која до сега не беше компромитирана.
Од Западнонилската треска покрја Србија, не се поштедени ниту Грција и Турција каде четири лица веќе починале. Епидемиолозите предупредуваат дека најлошото допрва доаѓа.
– Иако болеста е сезонска, потребна е строга контрола и систематска контрола. Треската се пренесува со комарци и најчестите симптоми се многу слични на грипот: треска, главоболка, замор, конфузија, болки во грбот, болки во мускулите и болки во зглобовите, и може да доведе до осип како и на оток на лимфните јазли – вели д-р Крстиќ со Клиниката за инфективни болести во Белград.
Одделот за биоциди, кој редовно врши контрола на комарци, утре ќе спроведе запрашување, со цел искоренување на возрасни видови комарци на територијата на Нов Белград, Сурчин и Земун.