Со четвртиот дополнителен ден, заврши обуката за теренските инструктори во Општина Кичево. Тринаесетте инструктори ангажирани за претстојниот попис на население, станови и домаќинства, во целост ја совладале предвидената материја.
– Со четвртиот, дополнителен ден, заврши обуката на теренските инструктори во општина Кичево.Овој ден ни беше добредојден,за да ги допрецизираме некои детали поврзани со пописот, за да нема дополнителни нејаснотии поврзани со истиот.Сите тринаесет теренски инструктори, сметаме дека во целост ја совладаа предвидената материја и дека можат успешно да одговорат на обврските за претстојниот попис на население, станови и домаќинства, истакна Јованче Сапунџиоски, овластен државен инспектор.
Тој појасни дека во текот на денот поделени се и лаптоп компјутери за теренските попишувачи и нагласи дека има дополнително намалување на бројот на теренски попишувачи по денешните откажувања на уште петмина .
-Откако на почетокот на тестирањето имавме одреден број на откажувања од страна на теренските попишувачи, по што се дојде до бројката од 115 лица и денес кога требаше да ги подигнат лаптоп компјутерите, уште една група од петмина попишувачи го откажа учеството на претстојниот попис и сега се сведовме на 110 попишувачи, од претходно планираните 128, рече инспекторот Сапунџиоски и нагласи дека нема да има дополнителни огласи ниту тестирања, туку дел од теренските попишувачи кои порано ќе ја завршат работата, ќе бидат вклучени во пописот на оние места каде што има недостаток на попишувачи и на тој начин целосно ќе биде заокружена оваа операција.
Утре е слободен ден, од понеделник до среда ќе се спроведе обуката на теренските попишувачи, а од четврток треба да стартува пописот.
МИА