Штипската болница од вечерва за ковид пациентите во функција става дел од одделението за Кардиологија – ММС
ММС

Објавено на: 03/27/21 5:42 PM

Штипската болница од вечерва за ковид пациентите во функција става дел од одделението за Кардиологија

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека поради големиот притисок на пациенти за хоспитализација се ослободува една болничка соба со четири кревети на овој оддел, кој е веднаш до одделот за анестезиологија, каде се лекуваат тешко болните пациенти.

-Во моментов во болницата сите 69 кревети се исполнети и на Инфективно, Кожно и на Анестезиологија. За пациентите на Кардиологија ќе се грижат здравствените работници од Анестезиологија, а обезбедени се и 10 нови регулатори за боците со кислород, со што сега 53 пациенти можат да добијат постојана кислородна поддршка, рече директорот.

Според Ѓеорѓијев, решението со напливот на пациентите е со отварањето на модуларната болница, кон средината на наредната недела. Таму денеска се правеше пристапот до објектот. Во оваа модуларна болница ќе има 47 кревети за ковид пациенти од целиот исток.

Битката со коронавирсот ја изгуби 56 годишен штипјанец.

МИА