Ненад Коциќ VS Миле Лефков за паранојата (видео) – ММС
ММС

Објавено на: 03/27/21 2:53 PM

Ненад Коциќ VS Миле Лефков за паранојата (видео)

„Вмро треба да се ослободи и проветри од криминалните структури, да престане да игра по Унгарски чардаш и да престане по секоја цена да го блокира собранието и да продуцира политичка криза, па  после тоа можеме да зборуваме за соработка и заедничка влада.  Од наша страна премиерот Заев  широкоградо  испрати понуда заедно да застанеме зад стратешките определби и да ги решаваме најгорливите проблеми што ги тиштат граѓаните и оваа држава “, изјави пратеникот на Сдсм Ненад Коциќ во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77.

Неговиот колега од парламентот Миле Лефков од Вмро Дпмне, рече криминалците власта да си ги побара во своите редови кои се корумпирани на највисокото 111 место во светски рамки и  поради својата неспособост да набави вакцини да престане да го турка народот во нов короновирус бран и страдање.

„ Не е битно дали јас ќе им отворам врата на попишувачите, туку треба да ги затвориме вратите на Државниот завод за статистика и да не дозволиме од таму да излезе ниту еден попишувач и службеник и да го одложиме пописот за наредната пролет ,“ изјави Лефков.