Премиерот Заев во Делчево на почетокот на градежните работи за изградба на современ градски пазар – ММС
ММС

Објавено на: 03/27/21 1:54 PM

Премиерот Заев во Делчево на почетокот на градежните работи за изградба на современ градски пазар

Bo Делчево започна изградбата на современиот градски пазар. Градежните работи отпочнаа во присуство на премиерот на РСМ, Зоран Заев, заменик-претседателот на Владата , Љупчо Николовски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски кои заедно со градоначаникот на Делчево истакнаа дека се работи за капитален проект за Делчево и за целиот регион. Целта како што истакна градоначалникот е градот да добие современградскипазарсоцелоснаинфраструктура, восмисла наотворен и затворендел кадеќебидатиспочитуваниситекритериумизасоодветночување и продавањенахраната и нанајразновиднатастока, како и соодветенпаркинг- простор.
 
-Дополнително, овој дел на градот добива современ урбан изглед со можност да се создадат атрактивни локации за идни нови градби. Реализацијата на овој проект, како и на сите претходно реализирани капитални инвестиции во Делчево ќе сведочат за генерации и генерации делчевци за одговорното и посветено работење. Многу пати сум истакнал и сега ќе повторам дека Делчево е школски пример како одговорната локална власт и одговорната централна власт, нивната кохезија и следењето на заедничкиот интерес, дава резултати за граѓаните. Градскиот пазар кој е проектиран на површина на градежна парцела од 11.599 м2 и површина за градење-  6 944 м2 е неопходна потреба за Делчево како погранично место и проект кој има регионалнозначење,истакна градоначалникот на Општина Делчево. Вкупната вредност на проектот е околу 33,5 милиони денари, средства обезбедени од владини институции и дел од општинскиот Буџет, а градежните работи во двете фази од изградбата се очекува да завршат за период од една година, рече Трајковски.

Изградбата на современиот градски пазар ќе биде уште едно место двигател на локалната економија во Општина Делчево, рече во своето обраќање премиерот Заев и додаде дека развиени општини значат силна економија

Премиерот потенцираше дека во текот на минатата година, се реализирани 99 проценти од планираните капитални инвестиции за спроведување на Проектот за подобрување на општинските услуги – МСИП кој го спроведува Министерството за финансии.

-Во 2021 година, преку овој проект  ќе се реализираат капитални инвестиции во износ од 800 милиони денари. Во рамки на годинашниот буџет, предвидено е да започне реализација на повеќе проекти, меѓу кои и оној за подобрување на енергетската ефикасност во државата. Со Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, 25 милиони евра ќе се доделуваат на општините и на јавните здравствени установи за инвестиции во подобрување на енергетската ефикасност на јавните згради. Преку Проектот за локални патишта, седумдесет милиони евра се наменети да се распределат на сите 80 општини за изградба и санација на локални патишта и улици, како и на друга патна инфраструктура во единиците на локалната самоуправа. Со оваа директна помош од  500.000 евра до 2 милиони евра по општина се дејствува кон подобрување на локалната инфраструктура во општините, рече Заев.
Освен современиот градски пазар Трајковски ги запозна присутните и со реализираните проекти кои беа ветени со изборната програма со која настапи на последните локални избори.
 
-Го изградивме пешаччкиот мост на река Брегалница, ја изградивме градската капела, асфалтиравме улици во населба Басарица, во повеќе од половина град поставивме атмосферска канализација, а правиме и генерален урбанистички план кој е во завршна фаза. Овие проекти ќе сведочат за одговорното и посветено работење на локалната власт со поддршка на централната власт, додаде Трајковски.
 
Владата како што додаде премиерот Заев  продолжува да поддржува трајни добра како изградба и реконструкција на локална патна инфраструктура,  водоснабдителна мрежа,  канализациони мрежи, реконструкција, изградба на градинки и училишта и спортски објекти, здравствени установи,  за подобрување на животот на граѓаните, за нови вработувања и економски развој.