Наесен фирмите ќе можат да ги користат 100-те милиони евра од ЕИБ – ММС
ММС

Објавено на: 07/31/18 7:16 AM

Наесен фирмите ќе можат да ги користат 100-те милиони евра од ЕИБ

Наесен 100-те милиони евра евтини кредити од Европската инвестициска банка ќе им станат достапни на малите и средни претпријатија. Министерството за финансии изготви Закон за гаранција што денеска ќе биде разгледан на владина седница, по што ќе биде доставен до Собранието.

Откако Собранието ќе го усвои законот, ќе се потпише договор меѓу Европската инвестициска банка и Македонската банка за поддршка на развојот, како и Министерството за финансии во својство на гарант на заемот. Со тоа, 100-те милиони евра ќе станат достапни за малите и средни претпријатија.

– Македонската банка за поддршка на развојот ќе ја пласира оваа кредитна линија преку деловните банки, како посредници до крајните корисници. Со ова ќе се обезбеди свеж капитал за малите и средни претпријатија, ќе се поддржат нови проекти, нови вработувања, ќе се зголеми ликвидноста во стопанството и ќе се зголеми извозот, информира Министерството.

 

Извор:МИА