Се полнат инфективните одделенија во Тетово и Гостивар со КОВИД пациенти. Она што загрижува е тоа што вирусот од таканаречениот трет бран ја погодува и младата популација.
Голем број на хоспитализирани пациенти во тетовската и гостиварската болница. Дел од нив со потешка клиничка слика кои се хоспитализираат и ги полнат постојните болничките капацитети. Ако продолжи ваквиот тренд ќе треба да се отвораат нови одделенија. Во инфективните одделенија и КОВИД центрите се бара кревет повеќе, а на тие што се зафатени има доста пациенти кои се помлади.
За жал има и пациенти помлади кои не можат да се изборат со вирусот. Утринава почина 41 годишен тетовец кој пред десет дена беше примен во КОВИД центарот во Тетово.
Во полошкиот регион денеска се евидентирани над 120 лица заразени со Ковид 19.
Зоран Димовски