Со една фотографија направи хаос – Стјепан Хаусер се ожени на Малдиви? – ММС
ММС

Објавено на: 03/26/21 6:25 PM

Со една фотографија направи хаос – Стјепан Хаусер се ожени на Малдиви?

Иако се чинеше дека на рајот во Малдиви му дошол крајот, кога требаше да си замиме од таму, Хаусер на Инстаграм објавил Стори кое поткренало нови гласини. На едно од видеата тој напишал: „Госпоѓице, медениот месец продолжува?

Стјепан Хаусер ужива на Малдивите со мистериозна девојка уште од средината на февруари, а уште кога стигна на одмор споделил неколку видеа на кои е со девојката, но нејзиниот идентитет не го открива. Неговите обожаватели веднаш го бомбардирале со прашања која е убавицата во негово друштво и во каква врска е со неа.

Секако никој не знае дали хрватскиот заводник се шегува или навистина се ожени со мистериозната девојка на рајскиот остров.

И една ноќ претходно, нивна последна на Малдиви, се почестиле со романтична вечера во прекрасно морско опкружување. Во таа прилика Хаусер споделил повеќе фотографии на кои е во прегратка на девојката.

-Многумина ме прашуваат која е мојата принцеза, која е таа девојка, па конечно решив да ја покажам својата прекрасна принцеза, рекол Хаусер и ја снимил русокосата девојка која лицето го сокрила со сламен шешир, а споделил и момент  во кој мистериозната девојка ја држи во прегратка и се бакнува со неа.

Но, многумина забележаа дека веќе не е онаа бринета од претходно. Тој порано објави две фотографии на кои се прегрнува со црнокоса, но ниту нејзиното лице не го покажа на јавноста.

Извор: Вечерни.хр