Во железничка незгода во Египет загинаа 32, повредени 66 лица – ММС
ММС

Објавено на: 03/26/21 4:54 PM

Во железничка незгода во Египет загинаа 32, повредени 66 лица

Најмалку 32 лица загинаа, а 66 се повредени во железничка незгода во јужниот дел на Египет, јавува Агенција Анадолија (АА).

Провладиниот весник „Акбар ал Јум“ (Akhbar al-Youm) јавува дека судирот на двата патнички воза денеска се случил во близина на местото Ал Ибрахимија во египетскиот регион Сохаг.

Министерството за здравство на Египет соопшти дека во незгодата животот го загубиле најмалку 32 лица, а дека се повредени уште 66.

Од Железницата на Египет е соопштено дека е формирана посебна комисија за истрага за причината на незгода.