Претседатателот на Достоинство Стојанче Ангелов, повика процесот на помирување да продолжи, но 2001 да не се заборави и повтори.
Ангелов додаде дека ќе се залага денешниот ден да биде официјално и ден на бранителите. Како што рече имало и ќе има чествувања на жртвите од воениот конфликт во 2001 година, но треба да се сетиме и на нашите големи победи, како денешниот ден кога издвојувавме голема победа на тетовското кале.
Тој пред медиумите раскажа за борбите со кои била освоена тврдината, којa била упориште на непријателот.
Ангелов од Тетовскотo кале ги повика македонските граѓани да се попишат и никој да не размислува за бојкот, оти како што рече тоа што сме го добиле со оружје, може да го изгубиме ако го бојкотираме пописот.
Зоран Димовски