Левица до Уставниот суд поднесе Ургенција со барање за слободен пристап до информации од јавен карактер – ММС
ММС

Објавено на: 03/26/21 3:28 PM

Левица до Уставниот суд поднесе Ургенција со барање за слободен пристап до информации од јавен карактер

Политичката партија Левица денес поднесе Ургенција со барање за слободен пристап до информации од јавен карактер до Уставниот суд, следствено на иницијативата до Уставниот суд со барање за времена мерка со која ќе се оспори Законот за попис на населението, од 29 јануари годинава.

-Согласно Деловникот на Уставниот суд ваквата постапка е итна, а веќе два месеци се поминати од поднесување на оваа иницијатива и ние немаме никаква информација од Уставниот суд како подносители. А имено овој Закон веќе произведува во пракса правни дејствија коишто изискуваат финансиски импликации врз Буџетот на Република Македонија, како и го загрозуваат јавното здравје, велат од партијата.

Поради тоа тие упатуваат барање до Уставниот суд и прашуваат кај кој судија известител е распределен овој предмет, кој е неговиот архивски број, што досега е преземено во врска со предметот и зошто сè уште не е ставен на дневен ред на седницата на Уставниот суд.