Поранешниот европски првак со Вардар се сели во Швајцарија – ММС
ММС

Објавено на: 03/26/21 3:03 PM

Поранешниот европски првак со Вардар се сели во Швајцарија

Поранешниот европски првак со скопски Вардар, искусниот Шпанец, Жоан Канељас, од следната сезона ќе го носи дресот на швајцарскиот тим, Кадетен Шафхаузен.

Канељас го објави на својот „Твитер“ профил трансферот во ПИК Сегед, а Швајцарија е петтата земја во која шпанскиот бек ќе заигра ракомет во професионалната кариера.

-Ви благодарам Сегед што бевте дел од некои неверојатни години во нашите животи. И поради тоа што ми дозволивте да бидам дел од вашата историја. Следна станица: Кадетен Шафхаузен, напиша Канељас.

Во кариерата шпанскиот интернационалец ги има брането боите на Барселона, Суидад де Реал, Атлетико Мадрид, Вардар, Хамбургер и Кил.

Со селекцијата на Шпанија, Канељас има освоено едно Светско првенство и две Европски првенства.

 

 

 

Фото:

men2020.ehf-euro.com