Со барање актерката Даниела Штајнефлд да ја објави целата содржина на разговорот по наводното силување, српскиот актер Бранислав Лечиќ се обрати до неа и до јавноста, со цел,како што вели да се чуе неговата страна во „јавната хајка“. Актерот денеска дојде во Обвинителството, каде беше повикан да даде свој исказ по наводите за силување. Медиумите пишуваат дека може да му биде понуден и полиграф, што Лечиќ веќе кажал дека ќе го прифати.
Повеќе во видеото:
Да потсетиме, актерката Даниела Штајнфелд го кажа името на Бранислав Лешиќ во полиција, во присуство на заменик-обвинител, како мистериозен моќен човек кој наводно ја силувал. Инаку, актерката зборуваше за својот случај порано во документарниот филм „Исцели ме“, но во тоа време не го откри името на силувачот.
извор:мондо.рс