(ВИДЕО) Пресврт во Сан Себастијан: Чаби Алонсо сепак не заминува во Борусија Менхенгладбах – ММС
ММС

Објавено на: 03/26/21 1:37 PM

(ВИДЕО) Пресврт во Сан Себастијан: Чаби Алонсо сепак не заминува во Борусија Менхенгладбах

Иако претходната седмица германски „Билд“ веќе го пресели поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Ливерпул и Баерн Минхен во Борусија Менхенгладбах, како замена од следната сезона за тренерот Марко Розе, „ладен туш“ за Германците денес пристигна од Сан Себастијан.

 

Чаби Алонсо го продолжи договорот со вториот тим на Реал Сосиедад до 2022 година, што значи дека за кампањата 2021/22, црно-белите од Гладбах ќе мораат да пронајдат друго тренерско име кое ќе го пополни испразнетото место на Марко Розе, кој од јуни ќе ја преземе Борусија од Дортмунд.

Aлонсо на позицијата тренер на Реал Сосиедад Б пристигна во јули, 2019-та година.

 

 

 

 

 

Фото:

empireofthekop.com