Истражување на авиокомпаниите: Брзите антигенски тестови може да имаат ист ефект како карантин – ММС
ММС

Објавено на: 03/26/21 11:07 AM

Истражување на авиокомпаниите: Брзите антигенски тестови може да имаат ист ефект како карантин

Брзите антигенски тестови кои им се прават на патниците би можеле да бидат поеднакво ефективни како и карантините во „запирањето на увозот“ на случаи со ковид-19. Ова се наведува во новото истражување за кое туристичката индустрија се надева дека ќе ги увери земјите да ги отворат своите граници во текот на летото.

Британија во моментот има забрана за сите патувања надвор од границите, освен ако не се работи за работни обврски, образовни или здравствени причини, а таквата политика би требало да се преиспита во април. Растот на бројот на заразени со коронавирусот во некои европски земји и предупредувањата на Владата, Британците да не уплаќаат патувања, предизвика загриженост дека забраната за патување би можела да се прошири. Истражувањето чија изработка е нарачана од компаниите British Airways IAG, Virgin Atlantic и други, утврдува дека во намалувањето на бројот на „увезени случаи“ на ковид-19, брзиот антигенски тест по враќањето во земјата е подеднакво ефективен како и самоизолацијата од десет дена. Минатата година британските правила за десетдневен карантин по враќањето во земјата за патниците од повеќе земји, лошо влијаеја врз туристичката индустрија бидејќи луѓето се откажуваа од патувањата.

По цела година ограичувања и минимални приходи, авиокомпаниите очајно се надеваат на почетокот на патувањата и кога тоа ќе се случи сакаат на списокот да има што помалку дестинации за кои е потребно да се примени мерката со карантинот по враќањето.

Резултатите од новото истражување ги објави консултантската компанија Oxera i Edge Health.

„Веруваме дека меѓународните патувања можат безбедно да продолжат со помош на постепено ублажување на  потребите за тестирање и гранични ограничувања со проценка на ризик втемелена на наука “, истакнаа од компанијата Virgin Atlantic.

За ризичните земји повеќератното тестирање би можело да биде алтернатива на карантинот – покажува истражувањето.

 

Извор:  index.hr