Исправена децениска неправда, спортистите ќе имаат право на стаж и пензија, најави Наумче Мојсоски – ММС
ММС

Објавено на: 03/26/21 11:10 AM

Исправена децениска неправда, спортистите ќе имаат право на стаж и пензија, најави Наумче Мојсоски

Исправена е децениска неправда. Во процес сме на реализација на ветувањето и правиме законски решенија со кои овозможуваме сегашните и поранешните спортисти да добијат право на стаж, пензија и социјално и здравствено осигурување, најави директорот на Агенција за млади и спорт, Наумче Мојсоски.

-Оваа Влада предводена од премиерот Заев и целиот мој тим од Агенцијата за млади и спорт, преземаа конкретни мерки за да се врати достоинството на спортистите и довербата во спортот. Со Министерството за правда, Министерството за труд и социјална политика, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Кабинотот на претседателот на Владата и информираната група при Агенцијата, се изнаоѓа модел со законски измени за трајно и систематско решение во кое годините на спортистите кои професионални се ангажирани да бидат впишани во пензискиот стаж. Децениската неправда се исправува. Правиме законски решенија со кои ќе овозможиме сегашните и поранешните спортисти да добијат право на социјално, пензиско, инвалидско осигурување и стаж. Учиникот на секој спортист да биде вреднуван до заминувањето во пензија, изјави директорот на Агенција за млади и спорт, Наумче Мојсоски.

Некогашниот успешен ракометар и репрезентативец, најави дека ова е првиот сегмент од исполнувањето на владини мерки во однос на спортот. Следниот чекор ќе бидат субвенции на придонеси на сегашните спортисти во вториот квартал од годината.

-Како ракометар со повеќе од 20 години успешна ракометна и репрезентативна кариера немам ниту еден ден стаж, а истата судбина ја делат плејада спортски легенди. По завршувањето на спортската кариера овие големи луѓе се оставени на маргините на општеството без работен стаж, без здравствено осигурување, но и најчесто без алтернативна професија и образование кои ги исполнуваат градејќи спортска кариера на највисоко ниво, посветени на достоинствено претставување и промоција на нашата држава ширум светот, изјави Мојсоски на денешната прес-конференција.

Тој додаде дека спортистите и спортистките никако не смеат да бидат заборавени од општеството.

д.ј