Животот е премногу краток за да не љубиш безусловно – Марија Колева Нешиќ ја најавува својата втора книга – ММС
ММС

Објавено на: 03/27/21 7:14 PM

Животот е премногу краток за да не љубиш безусловно – Марија Колева Нешиќ ја најавува својата втора книга

Љубовта како најголема инпсирација за многу писатели. Опеана е во песни, рскажана во многу книги. Љубовта е движечката сила која го води човекот и без која не можеме да постоиме. Оваа тема била инспиација и на Марија Колева Нешиќ за да ја напише својата прва книга „Ако заспијам, разбуди ме“. Од блиску ја запознавме нашата млада и талентирана писателка Марија Колева Нешиќ, која дипломирала на отсек бизнис комуникација и деловна коресподенција на англиски јазик, но не ја напуштила љубовта кон пишаниот збор.

 

– Израсната сум со просветни работници и целата моја фамилија го негувала пишаниот збор. Мојата баба Даринка Ризовска на мајка ми мајка исто така пишуваше и има издадено  пет книги, меѓу кои ,, Динијана’’, ,,Игра на судбината’’… Би рекла дека сепак има нешто силно во гените, вели таа.

„Ако заспијам, разбудиме“ буди силни емоции и спомени на нејзините баба и дедо,  а во оваа книга раскажана е токму нивната голема љубов.  Како што и самата вели за неа тие преставувале пример како е да се живее со вистински вредности.

-Како дете викендите и распустите ги поминував со нив, врската која тие ја гаеа за мене претставуваше спокој и безвременска љубов. Беа пример како се живее со почитување во љубов и разбирање. Имаат оставено големи траги врз моето постоење и градење како личност. Иако веќе не се со мене, секогаш се длабоко во моето срце и будат емоции кога ќе ги споменам, вели Нешиќ и открива што има научено од животното искуство од нејзините баба и дедо.

-Научив многу, дури премногу за денешниов начин на живеење. Научив дека треба да се сака безусловно и дека животот е премногу краток за да не направите нешто за себе си, кое ќе ве крева високо во облаци и ќе ви дава мотив за понатаму. Би сакала луѓето повеќе да се поддржуваат, да се сакаат и разбираат, да си простуваат и секогаш ама баш секогаш мислите да ги насочат кон позитивната страна на животот, додава таа.

Пистателката покрај љубовта дава акцент и на болката и тагата, како што и самата Марија вели дека и душевната болка носи своја убавина.

-Нели боли и првата љубов ( мислиме дека е крај на светот) па после се заборава. Веројатно секојдневитео, сопствените подеми и порази се она што не прави луѓе, кога не повредуваат или кога ние сме повредиле. Според мене не постои човек што не почувствувал душевна болка, и во тоа е убавината на живеењето, треба да се почувствува болка за во иднина да се цени секоја подадна рака од животот. И понатаму скоро во сите раскази што се самостојни во книгата се е напишано според тие неколку фактори кои ни ја кројат животната приказна, открива младата писателка која љубовта и е вечна инспирација за своите книги и додава:

– Љубовта… љубовта е најважната работа која мора да му се случи секому, всушност тој што никогаш не љубел, не ни постоел. За мене преставува движечка сила на сите полиња, се што правам, правам со многу љубов или воопшто не го правам. Мојата ќерка, мојот свет во кој живеам, во кој творам, мојата фамилија, моите пријатели, се е љубов, вели Марија.

Во нејзината книга е напишана искрената и традиционалната љубов која  во минатото имала посебен сјај и посебен однос, па ја прашавме Нешиќ дали денешната љубов е поинаква од онаа љубов која се гаела од постарите генерации.

-Кој вика дека не е? Мислам дека е иста, можеби како што се менува светот така се менува и љубовта но суштината е таа и секогаш ќе биде. Нетрпеливоста помеѓу луѓето која владее денес можеби ја прави малку по сурова, но сепак живееме во дигитално време и самиот концепт на сакање е променет. Но сепак мислам дека љубовта треба да ја оставиме да ни се случи, и да не ја споредуваме со ништо, вели Марија и открива дека среќна е што во животот и се случила искрена љубов, која долго време ја води низ животот, а од плодот на таа љубов се родила  нејзината ќеркичка Клара.

– Да, долго време сум заљубена во ист човек, кој истовремено е и татко на мојата ќерка Клара. Љубовта се случува секогаш кога сте спремни да ја примите длабоко во себе, а по се изгледа дека секој труд што сум го вложила за семејството на крајот се испалти. Како и секаде така и кај нас, ќе паднеме па ќе се кренеме, ќе се фатиме за раце и ќе продолжиме понатаму. А дали е иста како нивната, незнам, би сакала да биде, се надевам, вели Клара, која раскажува и на нејзините деца како треба да се живее.

По „Ако заспијам, разбуди ме“ писателката напиша нова книга „Оксана“. За инспирацијата за новата книга и која е пораката која сака да ја испрати до читателите таа вели:.

-„Оксана“ ми се случи преку ноќ, едноставно еден ден седнав на компјутер и почнав да пишувам приказна за една руска девојка по име Оксана.Инспирација имав на претек,целиот концепт ми беше во глава и дури од самиот старт знаев како ќе заврши. Пораката според мене е многу силна, поготово за женската популација, но сепак секој различно ја доживува. Би сакала да помине промоцијата на истата па подетално да разговараме за неа. Многу сум возбудена за нејзиното издавање кое следува во следниов период заедно со издавачката куќа „Полица“, најави Марија.

Секојдневно се прашуваме дали во Македонија има доволно читателска публика и дали уште во најраната возраст на децата не им се васадува љубовта кон книгата освен за оние кои мораат да ги читаат.

-Мислам дека се повеќе расте потребата да се прочита некое добро дело, и дека Македонците сакаат да читаат. Би била среќна само доколку се сврти повеќе внимание и кон македонските автори кои заслужуваат да бидат во колекциите на домашните библиотеки.Читањето и литературната писменот е клучна во развивањето на личноста на децата. На секое дете треба да му се обезбедни тоа право да биде научено да ја сака и цени книгата. Не би сакала да коментирам за другите, но јас како мајка на седум годишно девојче кое сега се описменува се трудам да ја натерам да разбере дека книгата е најголемото богатство на човештвото,  вели младата писателка која наскоро треба да има промоција на новата книга „Оксана“.

Весна Петровска