Американските разузнавачи проценуваат дека Северна Кореја подготвуваат еден до два нови балистички проектили кои би можеле да стигнат до западниот брег на САД.
Во 2017 година Северна Кореја го тестираше проектилот Хвасонг – 15 за кој се проценува дека би можел да прелета 13.000 километри и да го погоди дури и источниот брег на САД, вклучително и главниот град Вашингтон.
Тоа предизвика остри американски реакции и придонесе до преговорите меѓу севернокорејскиот режим и тогашниот директор на ЦИА, Мајк Помпео, како и до средбата меѓу претседателот Доналд Трамп и Ким Џонг-ун. Сега, врз основа на сателитски снимки, американските разузнувачи проценуваат дека најмалку уште еден нов проектил се подготвува во воената база во која беше изработен Хвасонг – 15.
Според снимките, се работи за ракета со течно гориво, а било снимено црвено транспортно возило какви што се користат за пренос на интерконтинентални балистички проектили.
По средбата во Сингапур, претседателот Трамп изјави дека Северна Кореја се обврзала да се откаже од нуклеарното оружје, а подоцна го посочи фактот што не била извршена нова ракетна проба како доказ дека Ким го почитува договореното.
Извор:МИА