Маж од Исланд стана хит откако проба да испржи јајца и сланина на лава која еруптирала од вулкан.
На видеото се гледа Ерикур Хилмарсон како подготвува солиден доручек во тава на лава.
Лавата на крај го превртела тавчето, што значи дека немало доручек за никој, освен за вулканот, пренесува Ladbible.
Во секој случај, на видеото се гледа и како состојките се пржеа во тавата, што зборува за тоа колку е опасна лавата.
Извор: Телеграф.рс