Над 500 туристи спасени од индонезискиот вулкан Ринџани – ММС
ММС

Објавено на: 07/31/18 6:49 AM

Над 500 туристи спасени од индонезискиот вулкан Ринџани

Индонезиските спасувачки екипи соопштија дека денеска ги евакуирале сите 540 планинари кои беа заглавени на вулканот Ринџани на островот Ломбок.

Големата група туристи беше заглавена од завчера, кога силен земјотрес уби 16 лица и предизвика лизгање на земјиштето, кое го уништи главниот пат до вулканот.

Ринџани е популарна дестинација за планинари и други туристи поради спектакуларните глетки од неговиот врв.

Меѓу евакуираните планинари има 189 странски државјани. Индонезијците користеа хеликоптери за побргу да ги симнат од планината.

 

Извор:МИА