Нема веќе слободни болнички кревети во штипскиот ковид центар – ММС
ММС

Објавено на: 03/25/21 5:16 PM

Нема веќе слободни болнички кревети во штипскиот ковид центар

Пополнет е и последниот болнички кревет во штипскиот ковид центар. Директорот на Клиничка болница – Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека доцна попладнево овој центар е целосно исполнет со пациенти од источниот регион, кои бараат болнички третман.

-Побаравме дел од пациентите да се хоспитализираат во Кочанската болница, но таму капацитетот веќе се полни и имаат само неколку слободни места, вели Ѓеорѓијев.

Посочува дека притисокот за болнички третман е голем од пред четири дена, кога нагло се исполни ковид центарот. Ѓеорѓијев за МИА вели дека веќе размислува да се обезбедат дополнителни места во други оддели, за што во текот на утрешниот ден и ќе информира. На Инфективното, Анестзеилогија и Кожното одделение се лекуваат околу 70 пациенти.