Младиот фудбалер на Лацио, Даниеле Гуерини, загина во сообраќајна незгода на 19-годишна возраст, објави денес клубот од италијанската престолнина.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, Гуерини со двајца свои пријатели доживеал судир со друго возило управувано од 68-годишен човек. Причината за овој трагичен настан засега не е позната, а наводно едно од возилата се движело со претерана и недозволена брзина.
Гуерини беше член на Примаверата на Лацио, додека претходно го носел дресот во младинските категории на Фиорентина, Торино и Спал.
Фото:
bbc.com