Последниот „трејд“ ден во НБА лигата повторно не разочарува. Ситните часови пред истекот на трансфер рокот на кошаркарската публика им ја донесоа засега главната вест: Никола Вучевиќ од Орландо Меџик се сели во Чикаго Булс.
Екипата од Флорида се ослободува од црногорскиот центар и со сигурност нивниот најдобар поединец, кој неодамна учествуваше и на „Ол стар“ мечот во Атланта, а покрај него во правец за Чикаго оди и Ал-Фарук Амину, пренесува Адриан Воџнаровски од „ESPN“. За нивните услуги Орландо ќе го добие Ото Портер, Вендел Карте и два пикови од првата рунда на драфтот.
Црногорскиот репрезентативец ја игра најубедливата сезона во својата кариера „преку океанот“. Со 25 поени во просек по меч, Вучевиќ ја доби довербата од фановите на лигата и љубителите на кошарка, а имун на неговите фантастични индивидуални партии не остана ниту тренерот на Мајами Хит, Ерик Споелстра, кој го спореди со германската легенда Дирк Новицки.
Фото:
sportcasting.com