Во Крушево викендов за првпат ноќно скијање – ММС
ММС

Објавено на: 03/25/21 3:33 PM

Во Крушево викендов за првпат ноќно скијање

Крушево викендов ќе им понуди на туристите и на посетителите несекојдневно задоволство. Овој викенд за прв пат туристите и крушевчани ќе може да скијаат на ски-терените во вечерните часови.

Општината со менаџментот на ски-терените „Станич” ги подготвија терените со нови лед-сијалици и ги расчистија патеките и ги подготвија за скијање. Жичарницата и ски-лифтовите ќе работат во текот на цел ден, а вечерното скијање ќе биде од 17 до 21 часот.

Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски, новите содржини обезбедуваат локален економски развој.

„Поставено е ново лед-осветлување на скијачките терени Станич. Овој викенд започнуваме со ноќно скијање по сите здравствени протоколи, заедно со бизнис-субјектот одговорен за менаџирање на ски-терените. Само со нови и разнолики содржини ќе дојдеме до подобар локален економски развој, преку привлекување домашни туристи почитувајќи ги протоколите да се приспособуваме на новото нормално. За прв пат ноќно скијање во Крушево“, вели Христоски.

 

МИА