Дополнителната изложеност на фудбалерите и стручните штабови во интернационалната пауза, во околности на пандемија на коронавирус, повторно го „зема својот данок“.
Како што пренесува „Билд“, фудбалерот на Борусија Менхенгладбах, Јонас Хофман, позитивен е на Ковид-19 по последните тестирања во редовите на „панцирите“. Останатите играчи се повлечени во изолација и се очекува во текот на денот уште една рунда тестирања за да се открие дали можеби има повеќе од еден заразен во ростерот и стручниот штаб на некогашниот светски првак.
Германците вечерва ги отвораат квалификациите за Светското првенство во Катар следната година, против селекцијата на Исланд, но сега натпреварот со Скандинавците е доведен до прашање, а засега нема информации дали тој ќе заземе место на програмата.
За потсетување, германската репрезентација е во иста група со селекцијата на Македонија во квалификациониот циклус за Катар 2022.
Фото:
sempreinter.com