Една година била следена криминалната група, која денеска беше уапсена во организираната акција. Сите биле следени, како и нивните телефони, кои се очекува да бидат вештачени. Ова го потврди шефицата на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, по утринската акција на полицијата и приведувањето на 21 лице, осомничени за продажба на дрога. Овие лица се однесени на распит.
-Ние имаме докази дека овие приведени лица сториле кривично дело недозволена трговија со опојни дроги и прекурсори. Не сакавме пред акцијата да спроведеме финансиска истрага, зсе плашевме да не ни се пробие целата акција, но од понеделник ве уверуваме дека ке почне и финансиска истрага, изјави Рускоска.
На прашањето дали во криминалот има вмешани припадници на МВР, Рускоска рече дека тоа ќе се утврдува.
-Сега нема полициски службеници, но ќе видиме понатмау кога ќе се вештачат телефоните кои се одземени, ако се најде комуникација сигурно дека ќе бидат осомничени и овластени службени лица, одговори овбинителката Рускоска.
Во акцијата се приведени се 21 лице, пронајдена и запленета е дрога, пари, автомобили, мобилни телефони, во денешната полициска акција во Грчец, Гази Баба, Чаир и Синѓелиќ.