Хан ги повика граѓаните да гласаат на референдумот – ММС
ММС

Објавено на: 07/31/18 6:28 AM

Хан ги повика граѓаните да гласаат на референдумот

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на својот профил на Твитер синоќа ја поздрави одлуката на Собранието да го одржи референдумот за Договорот со Грција на 30 септември.

 

– ЕУ го поддржува овој договор и неговата имплементација како симбол на помирување и добрососедски односи во регионот. Ги повикувам сите граѓани на Македонија да го искористат своето демократско право на глас. Се работи за нивната земја и нивната иднина, напиша Хан.

 

Извор:МИА