Приведени се 21 лице, пронајдена и запленета е дрога, пари, автомобили, мобилни телефони, во денешната полициска акција во Грчец, Гази баба, Чаир и Синѓелиќ.
Извори од истрагата посочуваат дека уапсените се веќе во полициска станица по што ќе бидат предадени на надлежен обвинител и изнесени пред суд.
Акцијата што ја води Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Скопје во координација со МВР, е за апсење организирана криминална група за трговија со дрога.
Од МВР највуваат повеќе детали откако ќе заврши акцијата.
МИА