Само четири дена по тестирањето на крстосувачки ракети, Северна Кореја денеска истрела две ракети со краток дострел во Јапонското Море, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Ракетите беа истрелани утринава од источниот град Хамџу и од јужната покраина Хамгјонг“, соопшти новинската агенција „Јонхап“.
„Јужнокорејските и американските разузнавачки власти ги анализираат проектилите детално, нагласувајќи ја можноста дека тие можно е да се балистички ракети со краток дострел“, агенцијата го цитира службеникот на американскиот Генералштаб.
Во средата, јужнокорејската војска соопшти дека Северна Кореја истрелала две крстосувачки ракети наедалеку од западниот брег во неделата.
Крстосувачките ракети не се забранети според резолуциите на Советот за безбедност на ОН за Северна Кореја, но тестирањата на балистички ракети се кршење на резолуциите.
„Јужнокорејското претседателство свика итен состанок на Советот за национална безбедност за да разговара за ситуацијата, и изрази длабока загриженост за последното лансирање на проектилот од страна на неговиот сосед“, се вели во извештајот.
Реагирајќи на потегот, американската Армија рече дека лансирањата ја покажуваат заканата што ја наметнува Северна Кореја.
„Оваа активност ја нагласува заканата што програмата на Северна Кореја за недозволено оружје им ја претставува на нејзините соседи и на меѓународната заедница“, изјави портпаролот на американските сили во Кореја, полковник Ли Питерс.
Последното лансирање се случи кога новата администрација на Бајден требаше да ги разгледа политиките за Северна Кореја и по посетата на американскиот државен секретар Лојд Остин и државниот секретар Ентони Блинкен на Сеул.