Од изутрината низ Скопје во тек е акција против дилери на дрога. Акцијата ја спроведува Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР). Се вршат рации во Гази Баба, Чаир, Сарај и Грчец. Уапсени се повеќе лица. Според медиумски информации, до сега се упасени над 20 лица, кои се носат во Полициската станица Карпош.
Од МВР ја потврдија акцијата со најава дека детали се очекуваат во текот на денот.