Лани корисниците кои користеле услуги на стриминг сервисите го надминале нивото од 1,1 милијарда што е зголемување од 26 проценти во споредба со претходната година, велат од Филмската асоцијација на САД (MPA).
Глобалниот пазар на куќна или мобилна забава за 2020 година генерирал 68,8 милијарди долари од глобалниот приход. Само во САД претплатите достигнале 308,6 милиони што претставува раст од 32% во однос на 2019 година, а пазарот на домашни и мобилни уреди се зголемил за 21% годишно достигнувајќи 30 милијарди долари.
Пандемијата Ковид-19 донесе бројни предизвици за економиите ширум светот, но филмската, телевизиската и стриминг индустријата „ја држеа публиката поврзана и забавувана“, изјави Чарлс Ривкин, претседател и извршен директор на Motion Picture Association во соопштението за јавноста.
Зголемената побарувачка за услуги за стриминг преку интернет помогна да се неутрализираат финансиските удари што ги претрпеа кино благајните поради пандемијата на коронавирусот. Глобалниот кино пазар лани падна за 18%, односно за 80,8 милијарди долари.
Извор: Motion Picture Association
Фото: Forbes.com