Седумгодишно девојче е убиено во Мјанмар и стана најмладата жртва на хаосот во таа држава откако на почетокот на февруари дошло до воен пуч.
Семејството на Кин Мајо Чит (7) рекле за Би-Би-Си дека девојчето го убило полицијата додека трчала кон својот татко за време на рацијата во нивната куќа во градот Манделеј.
Нејзината постара сестра рекла дека полицајците ја пребарувале сите куќи во нивното соседство во вторникот поладне, за на крајот влезат кај нив во потрага по оружје.
-Удрија на вратата за да ја отворат, а потоа го прашаа мојот татко дали има уште луѓе во куќата. Им рече дека нема, но го обвинија дека лаже и почнаа да ја пребаруваат куќата, рекла Мај Ту Сумаја (25).
Во тој момент Кин Мајо Чит потрчала во прегратката на татко си, за да се засолни кај него.
-Тогаш пукаа во неа и ја убија, рекла нејзината сестра.
Во интервју за локалните медиуми таткото Ју Маунг Ко Шаин Бај ги опишал последните зборови на својата ќерка.
Му рекла: „Не можам тато, премногу боли“, рекол таткото.
Според неговите збори=ови, девојчето починало половина час подоцна во автомобил додека ја носеле на болница. Полицијата исто така го претепала и уапсила неговиот 19-годишен син.
Војската се уште не се огласила по повод смртта на девојчето.
Извор/Фото: Телеграф.рс