Поради влошената епидемиолошка ситуација во Црна Гора сите воспитно-образовни установи се затвораат, наставата до 1.април ќе се одвива онлајн, а нови строги мерки се воведени во општините Беране и Шавник, додека во Херцег Нови мерките се ублажени.
Тоа е соопштено на денешната конференција на преставник на Институтот за јавно здравје, а кажано е и дека до 1. Април нема да има целосно затворање на државата.
За општина Беране стапува на сила забраната за излез и влез во општината, освен за транзит, движење на граѓаните од 21 часот до 5 часот наутро наредниот ден.
Забранета е работа на рестораните, кафани, кафулиња, хотелски ресторани и слични угостителски објекти.
Забранета е работата на трговските центри, штандови, тезги, како и фитнес центри и теретани.
Истите мерки ќе важат и за Шавник од вечерва до 31 март.
Во Херцег Нови епидемиолошките мерки се малку ублажени, па ќе работат продавниците за прехранбени производи.
Извор: Телеграф.рс