„Со терористи можеш да преговараш, ама со протокол не, рече премиерот на Република Македонија Зоран Заев, и ја извади црвената вратоврска.
Тоа го стори откако луѓето од неговиот протокол му се доближија пред почетокот на настанот во кумановското село Черкзи и му посочочија да ја отстрани, а во тоа му се придружи и градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.
За потсетување, премиерот Заев својата вратоврска ја извади и при потпишувањето на договорот со Грција и му ја подари на грчкиот колега Алексис Ципрас, кој во својот моден стил никогаш не употребува вратоврски.
Очигледно протоколот на македонскиот премиер ќе ги следи истите стапки.
Никола Ивановски