Зголемени безбедносни мерки со мобилизација на повеќе од 4.000 полицајци, хеликоптери, беспилотни летала и снајперисти се вклучени во полицискиот оперативен план за парадата на 25 март, како дел од настаните по повод 200 години од Револуцијата во 1821 година. Во планирањето на настаните е вклучена и анти-терористичката единица.
Мерките ќе стапија на сила, со строги контроли и на местата на одржувањето на настаните и во пошироката област, додека хотелите каде ќе престојуваат официјалните гости ќе бидат претворени во „непобедливи тврдини“.
Според грчката полиција, снајперисти ќе бидат поставени на покривите на зградите. Полициските беспилотни летала и хеликоптери постојаноќе испраќаат слики до Оперативниот центар.Сите официјални премини ќе бидат темелно проверени и ќе се користат деактиватори на мобилни телефони.
Во операцијата ќе биде вклучен антиретористичката единица, а ќе има обучени кучиња за откривање експлозив. Полицијата навремено ќе ги отстрани сите луѓе што можат да се соберат и да се обидат да се приближат до областа на парадата, каде нема да биде дозволено присуство на граѓани.
Утрешната главна прослава ќе се одржи во присуство на високи гости, а во Атина веќе проистигнаа претседателот на Република Кипар, Никос Анастасијадис и премиерот на Руската Федерација Михаил Мисустин. Попладне се очекува пристигнувањето на принцот од Велс и војвотката од Кронвол, кои ќе слетаат на меѓународниот аеродром во Атина „Елефтериос Венизелос“. Во 18:15 часот премиерот Кирјакос Мицотакис и неговата сопруга Марева Грабовски – Мицотакис ќе ги пречекаат гостите во новиот комплекс на Националната галерија, по повод 200 години од Револуцијата во 1821 година.
Подоцна во текот на деноти стигнува и министерот за одбрана на Француската Република Флоренс Парли, а следува официјална вечера часот во Претседателската палата со обраќање на Претседателот на Републиката Катерина Сакеларопулу.
Принцот од Велс, Чарлс, ќе биде почестен од Општината Атина со златен медал, на специјална церемонија во Градското собрание на главниот град, закажана за утре напладне, како дел од прославите.
текст и фото:Катимерини