„Но(е)ва Македонија“ е најновата премиера на битолскиот театар, престава која на еден монтипајтонски начин ги истражува механизмите на политичката грандоманија, манипулација, злоупотребата на историските документи кои се во интерес на одредена група луѓе.
– Направивме претстава кој говори против човечката глупост,против извитоперените политички системи.Живееме во време во кое инстант го прифаќаме она што ни го сервираат, правиме идоли од глупави луѓе,не мислиме со своја глава,не читаме книги,па дури ако сакате и не љубиме.Живееме секојдневие исполнето со политика и квази уметност.Оваа претстава е сатира на первертираното општество во кое всушност не живееме ами дишеме на шкрги баш како во потоп,кој треба еднаш се да однесе за да можеме да започнеме одново. Одново во некоја Но(е)ва сервирана лага, ерче Илина Чоревска, уметнички директор на Народниот театар Битола.
Безбројни се можностите на планот на комедијата кои се отвораат со ваков заплет, забавни како Аристофан и немилосрдни како Брехт. Веруваме дека „Но(е)ва Македонија“ ќе успее да му наштети на едно унаказено мислење и делување, кое воопшто не е непознато на овие простори, вели авторот на претставата, познатиот српски режисер, Кокан Младеновиќ. Тој е задоволен што овој проект го работи со битолските актери.
-Овој тим на Битолскиот театар е еден од најдобрите со кои некогаш сум работел. Многу сум горд од начинот на кој ансамблот го носи сценскиот безобразлук, од таа бучна комедија на почетокот ја носат до сериозна драма, потполна пропаст. Нашите истории се паралелни, нашите животи се паралелни, се менуваат само имињата на оние кои ги водат нашите држави. Но, ние сме навикнати политичките елити да не го претставуваат народот, туку самите себе и крупниот капитал. Сервираат идеи од кои страдаат само невини луѓе, а ним им е се подобро и подобро.
Драматургот Билјана Крајчевска се јавува како автор на поголемиот дел од текстовите.
-Отсликувакјќи ги сите грандомански и општествено политички девијации што ни се случуваат во моментот, одлуките кои ги носат големите умови во светот. И наспроти нив, баналниот живот на човекот кој мора сето ова да го поднесува, вели Крајчевска.
Со оваа претстава сакаат да испратат потсмев и да спречат нови изопачувачања на историјата. А режисерот Младеновиќ истакна дека е песимист и дека верува дека злоупотреби на историјата ќе има и во иднина.
Маја Богоевска