Панини сликичките со македонски фудбалери во продажба од петти април – ММС
ММС

Објавено на: 03/24/21 3:47 PM

Панини сликичките со македонски фудбалери во продажба од петти април

Од  петти април сите љубители на фудбалот ќе имаат уникатна можност да ги лепат сликичките на Пандев, Елмас, Алиоски, Адеми, Ристовски, Барди и соиграчите кои за првпат во историјата ќе ја претставуваат Македонија на едно европско првенство.

На официјалната Фејсбук страница Панини Македонија е објавена вест дека официјалниот албум со сликички Панини – ЕУРО 2020 во Македонија ќе се најде во продажба од петти април. Албумот на Панини веќе е во продажба низ европските земји.

Генерации наназад ги собирале сликичките на славниот албум на Панини, но оваа генерација ќе има со што да се пофали, затоа што во него за првпат ќе се најдат и фудбалерите на македонската репрезентација.

По историскиот пласман на Европското првенство 2020, кое поради пандемијата беше одложено за оваа година, избраниците на селекторот Игор Ангеловски добија можност да се натпреваруваат со најдобрите во Европа, но и можност да бидат дел од колекционерските збирки на најпознатиот албум со спортски сликички во светот.

Македонија ќе игра против Холандија, Австрија и Украина, а натпреварите се закажани за следниот јуни.

фото: Facebook